Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Лионел Меси не се откажа од напуштање на Барселона, иако клубот не сака да го пушти.
Аргентинецот сака да замине, но вчерашните преговори не донесоа ништо ново, но се очекува да продолжат и денес.
TyC Спортс објави дека постои огромна можност Меси да игра следната сезона во дресот на Барселона, и дека на крајот ќе го напушти клубот како слободен агент.
Сепак, таквата опција сигурно не го задоволува клубот, а британски Телеграф има информации дека Меси сепак би можел да си замине.
Наводно, може да има огромен компромис од обете страни. На Меси би му било дозволено да го напушти клубот, а е утврдена цена од „само“ 100 милиони евра.
Секако е одлична можност за сите клубови да го доведат во своите редови. Сегашната цена од 700 милиони евра е едноставно превисока и невозможна за секого, а новата би го зголемила бројот на клубови кои можат да го ангажираат.
Продолжението на преговорите за заминување на аргентинската sвезда е закажано за денес и ќе видиме дали навистина е постигнат компромис.