Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Килијан Мбапе има двегодишен договор со Пари Сен Жермен, преговори за продолжувае на соработката постои, но имам впечаток дека Французинот нема да ја продолжи соработката со клубот од неговиот роден град.
Причината е јасна, двајца европски великани и актуелните шампиони на нивните земји се заинтересирани за неговите услуги.
Јасно е дека нема да има трансфер ова лето, пандемијата ги погоди дури и најсилните европски клубови, вклучувајќи ги Ливерпул и Реал Мадрид, иако „црвените“ ова лето донесоа три засилувања за околу 80 милиони евра.
Од друга страна, Реал заработи многу пари од продажба, додека значително го потрошија буџетот благодарение на заминувањето на Бејл и Родригез, но Флорентино Перез објави дека нема да има големи трансфери ова лето.
Но, како и Јирген Клоп, првиот човек на „кралскиот“ клуб не можеше да негира дека Реал ќе се обиде да го донесе Мбапе следното лето.
Перез изјави дека Реал ќе остави големи засилувања за следното лето, додека Клоп потврди дека „црвените“ немаат пари за ваков трансфер, но дека според него, ниту еден клуб во светот нема пари во моментов.
И, вистина е, Мбапе сигурно ќе остане на „Паркот на принцовите“ уште една сезона, но се погласни се шпекулациите дека ова може да биде негова последна сезона во Париз.
Клоп наводно во мај воспоставил контакт со неговиот татко, со цел да се распраша за плановите на младиот фудбалер, Ливепрул внимателно ја следи ситуацијата.
Не е тајна дека Реал е во редовен контакт со францускиот фудбалер, па се чини дека овие два клуба следното лето ќе водат голема борба со Пари Сен Жермен околу потписот на фантастичниот напаѓач.
ПСЖ е еден од најбогатите клубови во светот, па сигурно ќе биде тежок преговарач, па логична е претпоставката дека следното лето Ливерпул или Реал Мадрид би можеле да го соборат светскиот рекорд.