Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Возачите од Формула 2, Мик Шумахер и Калум Ајлот ќе возат на претстојната трка во Формула 1 во Германија на првиот тренинг за екипата на Алфа Ромео, односно Хас.
Мик, синот на легендарниот Михаел Шумахер, е член на академијата на Ферари и во моментов е лидер во шампионатот во Формула 2 во која до крајот останаа уште две трки.
Ајлот, како и Шумахер, ќе го има на патеката во Германија, па ќе вози за Хас на првиот тренинг, додека рускиот возач Роберт Шварцман ќе има шанса за настап на последната трка во сезоната на првиот тренинг.
„Пресреќен сум што добив шанса да настапам на слободниот тренинг. Факттот дека моето прво учество во Формула 1 ќе се одржи пред домашната публика го прави овој момент уште повеќе посебен“, кажа Шумахер.