Македонија остана без голем мајстор: Почина легендата на македонскиот кик-бокс


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Македонскиот спорт вчера остана без голем ас. Во Битола почина големиот мајстор на боречките вештини Златко Неделковски.

Неделковски почина на 60 годишна возраст и зад себе остави навистина голема кариера.

Трагичната вест ја потврди на социјалните мрежи академијата „ ЗА НЕТ ДО“

“Почитувани пријатели – членови на Академијата за боречки вештини и спортови ЗА НЕД ДО и спортски соработници.Со жалење би сакале да Ве информираме дека денес 1-ви Ноември 2020 година во 15 часот престана да чука срцето на нашиот татко – учител и мајстор Златко Неделковски [1960 – 2020].Профилот во деновите кои следат ќе премине во меморијален.Ви благодариме за Вашето сочувство и Вашите мисли се со нас како семејство и членови на Академијата за боречки вештини и спортови ЗА НЕД ДО кои половина век како спортски работник ги третираше како свои деца.Од семејството во тага“