Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Луис Хамилтон победи на трката за Големата награда на Турција, а притоа ја обезбеди седмата титула во Формула 1.
Хамилтон се израмни по број на титули со легендарниот Михаел Шумахер, а по драматичната трка во Турција се расплака и зборуваше за тимската соработка.
„Ова е за сите деца на светот кои мислат дека нешто не е возможно. Им благодарам на сите. Немам зборови. Не би бил во можност да го остварам ова без моите соработници. Им благодарам на навивачите кои беа со мене. Бевме разочарани во квалификациите, но на крајот стигнавме до местото кое го посакувавме. На почетокот ги променив гумите, мислев дека е срамно местото на кое се наоѓам“, вели Хамилтон.