Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Работникот кој се фотографираше со телото на Диего Армандо Марадона доби отказ веднаш по објавувањето на сликата, а сега ја моли аргентинската јавност да му простат за потегот.
Клаудио Фернандез е еден од тројцата кои во четвртокот се фотографираа со телото на Марадона, а откако сликите се појавија во јавност, тие почнаа да добиваат закани.
Адвокатот на поранешниот фудбалер Матијас Морла порача дека ќе преземе соодветни мерки против нив и кажа дека ќе ги казни поради овој потег.
Фернандез се јави и жали поради неговиот потег, а со него покрај телото на Марадона се сликаше и неговиот 18-годишен син.
„Тоа се случи во секунда. Само ја кренав главата, а мојот син направи глупост и како секое 18-годишно момче го крена палецот нагоре. Ве молам, простете ни“, кажа Фернандез.