Ентони Дејвис ќе потпише петгодишен договор вреден 190 милиони долари

Ентони Дејвис минатата сезона во тандем со Леброн Џејмс го предводеше Лос Анџелес Лејкерс до титулата во НБА-лигата.

Дејвис во Лос Анџелес стигна минатата година во трејд од Њу Орлеанс пеликанс, па веднаш се покажа како квалитетно засилување.

Лејкерс не сакаше да го загуби Дејвис, па по долги преговори конечно се договори со кошаркарот за продолжување на договорот.

Дејвис ќе потпише петгодишен договор со Лејкерс, кој ќе му донесе неверојатни 190 милиони долари.

Кошаркарот минатата сезона постигнуваше по 26,1 поен по натпревар, а имаше и 9,3 скокови во просек.