Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Марио Балотели како слободен фудбалер конечно ќе потпише договор со нов тим, и тоа Монца, која се натпреварува во Серија Б.
Новинарот Фабрицио Романо од „Скај Спорт“ вели дека Балотели одбил да се пресели во Васко де Гама и ќе се приклучи на Монца, која ја предводат поранешните први луѓе на Милан, Силвио Берлускони и Адриано Галијани.
Интересно е тоа што неодамна за Монца потпиша и поранешниот фудбалер на Милан, Кевин Принц Боатенг.
Последниот ангажман кој го имаше Балотели беше во Бреша, но поради неговите статови и лошото однесување му беше раскинат договорот.