Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Меѓународната ракометна федерација (ИХФ) донесе официјална одлука за да го одложи натпреварот меѓу Германиј и Зеленортската република, зашто африканската селекција немала доволно ракометари за натпреварот.
Германија ќе го добие мечот со службени 10-0. За да се избегнат интересите на двајцата Германци Дитрих Шпете и Патрик Струб, тие отстапија од натпреварувачката комисија, а нивното место го пополни Пер Бертелсен, директор на организациската комисија на ИХФ.
Зеленортската република не успеа да обезбеди најмалку десет ракометари затоа што не поминаа потребните 48 часа за двајцата позитивни ракометари да излезат од карантин.
Интересно е тоа што еден од ракометарите вчера имал негативен тест, но не поминаа 48 часа и затоа сега ќе има можност за настап на 19 јануари против Уругвај.