Клоп му испратил порака на Ловрен, но не добил никаков одговор!

Хрватскиот репрезентативец Дејан Ловрен го напушти „Енфилд“ минатото лето по шест години минати во Ливерпул.

Ловрен во трансфер вреден 12 милиони евра замина во Зенит Санкт Петербург и така ја заврши својата авантура во англискиот шампион.

Во последните две сезони не беше во прв план на тренерот Јирген Клоп, а во меѓувреме Ливерпул се соочи со големи проблеми поради повредени фудбалери.

Клоп во зимскиот преоден рок размислува за нов стопер, а нема сомнеж дека добро би му дошол Ловрен.

„Воопшто не ми е жал што заминав од Ливерпул. Пред крајот не бев среќен затоа што не играв. Јирген Клоп тоа добро го знае, а еднаш ми пиша во порака дека му недостигам, но не му одговорив ништо“, вели Ловрен.