Реал Мадрид пред фудбалерите излезе со понуди „земи или остави“, двајца нема да ги прифатат!

    Реал Мадрид реши да ги заврши дилемите за новите договори со фудбалерите, на кои им завршува соработката на лето.

    Лука Модриќ, Серхио Рамос и Лукас Васкез од први јули ќе бидат слободни фудбалери, а засега само Хрватот се согласил да ја продолжи верноста кон „кралевите“.

    Искусниот хрватски фудбалер се откажал од големата плата за да игра за Реал, а наскоро треба да биде потврдена новата соработка.

    Меѓутоа, капитенот Серхио Рамос и Лукас Васкез уште не прифатиле понуда. Засега се многу блиску да заминат од екипата и тоа на крајот би можело да се случи.

    Раководството на „кралевите“ излезе со понуда „земи или остави“, а само Модриќ се согласил на условите кои му носат многу помала плата.