Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Легендарниот хрватски тренер Мирослав Чиро Блажевиќ кажа дека се вакцинирал против вирусот во Србија, и тоа со руската вакцина поради која почнал да се чувствува како Владимир Путин.
Прославениот стратег се пошегува во едно интервју со новинарите, кои се обидоа да дознаат дали е вистина дека бил вакциниран преку ред во болница во Загреб.
„Не сум се вакцинирал преку ред, не сакам такво нешто! Убаво си заминав таму кога можев и сега кога ќе се погледнам во огледало, личам на Путин. Ми расте руса коса, баш е убава. Не одам повеќе таму. Ми извадија крв за да видат како ќе реагира на вакцината. Сега почна да ми расте и брада како на Дража Михајловиќ…“, вели Блажевиќ.