Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„24ракомет“ објави дека екипата на Вардар ќе остане без Србинот Марко Вујин, кој вчера ги напуштил соиграчите и си заминал од екипата, а наскоро се очекува и официјално да се раздели со „црвено-црните“.
Вујин претходно не најавил такво нешто и сите биле изненадени од неговиот потег бидејќи немало причина за такво однесување кај нивниот колега.
Србинот пристигна од Португалија како големо засилување, но не покажа ништо посебно на теренот и затоа добиваше многу критики, а засега не е 100% сигурно дека и официјално ќе замине, иако има такви најави.
Вардар в четврток од 18.45 ќе игра против ПИК Сегед, а потоа ги очекува двојна пресметка против Елверум.
Извор: 24ракомет