Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кире Лазаров го објави поширокиот список со ракометари за натпреварите против Данска во квалификациите за Европското првенство (ЕП).
Лазаров во репрезентацијата реши да го врати искусниот Филип Миркуловски, кој ќе има улога на ракометар, но и еден од помошниците на селекторот.
Исто така, во репрезентацијата на Лазаров се враќаат и Бранислав Ангеловски и Ацо Јоновски, додека помошник тренер ќе биде уште една поранешна репрезентативка Билјана Црвенковска.