Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фудбалерите на Лајпциг и Ливерпул и реваншот од осминафиналето во Лигата на шампиони (ЛШ) ќе го одиграат на истиот стадион во Будимпешта.
Причина е ковид-19, односно превентивните мерки кои ги применува Германија. Тие не дозволија нивниот претставник да патува во Англија, а по враќањето да продолжи со сезоната во Бундеслигата.
Поради тоа што карантинот од 14 дена е задолжителен ќе мора мечот да се одигра на друго место, а „Тајмс“ објави дека екипите ќе се борат во Унгарија.
Во првиот дуел Ливерпул славеше со 2-0, па се наоѓа пред пласман во следното коло, но има уште 90 минути кои треба да се одиграат.