Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Претседателот на Управниот одбор на Баерн Минхен, Карл-Хајнц Румениге ги коментираше несогласувањата на Хасан Салихамиџиќ и тренерот Ханси Флик.
Во претходниот период беше бурно на релација меѓу спортскиот директор и тренерот, а тоа не е тајна.
„Ова мора да се реши. Не е потребо да се води дискусија за тоа, посебно затоа што сме во последниот дел од сезоната и сме лидери во Бундслигата со седум бодови, а имаме можност да се пласираме и во следното коло од Лигата на шампиони“, вели Румениге.
Караницата меѓу Флик и Салихамиџиќ наводно почнала уште на почетокот на сезоната поради неколку трансфери, кои ги реализирал спортскиот директор, а тоа не му се допаднало на тренерот.