Како до бараж за Светско првенство!? ↓↓↓
Многу бура се крена во претходните денови поради создавањето на Европската лига, а еден од иницијаторите на оваа идеја беше претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез.
Сепак, планот се урна за краток период, а УЕФА им се закани на тимовите кои потпишаа договор за учество во таква затворена лига.
Од 12 тимови кои сакаа да создадат Суперлига на крајот останаа само три, а меѓу нив е и „кралскиот клуб“, па во медиумите се појави шпекулација дека Реал може да биде исфрлен од Лигата на шампиони.
Такво нешто нема да се случи, откако УЕФА денеска имаше состанок и реши да не ги казни гигантите поради нивниот обид да создадат такво натпреварување.
„Санкциите на УЕФА немаат смисла. Имаме право да играме во Лигата на шампиони и тоа ќе го правиме, како и секогаш“, вели тренерот Зинедин Зидан.