Меси не тренира, а нема ни да игра против Еибар поради – Куман!


Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Лионел Меси ќе го пропушти последниот натпревар на Барселона сезонава. Каталонците утре ќе се соочат против Еибар, но во минатото коло и математички остана без шанси за титулата.

Тренерот Роналд Куман реши да му даде одмор на Меси, па Аргентинецот нема да тренира денеска и ќе го пропушти натпреварот.

Освен Меси, на одмор порано ќе замине и Педри, кој претходно играше во сите дуели во Ла Лига. По мечот со Еибар, сите играчи заминуваат на пауза. Некои од нив ќе играат пријателски натпревари со репрезентацијата, додека другите ги чека настап на Европското првенство.

Утре е важен ден за Барселона затоа што Меси конечно ќе го прекине молкот и ќе зборува за неговата иднина, па сите очекуваат негов одговор дали ќе остане во тимот или ќе замине.