Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тренерот на Барселона, Роналд Куман на прес-конференција зборуваше пред последниот натпревар од сезоната против Еибар.
Каталонскиот гигант со поразот од Селта во претпоследното коло ги загуби шансите за титулата, за која во 38. коло ќе се борат Атлетико Мадрид и Реал Мадрид.
„Ова е последен меч во сезоната и ќе се потрудиме да победиме. Вистина е дека натпреварот нема никакво значење, но ова е последен меч и сакаме да победиме“, кажа Куман.
За својата иднина во клубот не знае премногу, а има и закажан состанок со претседателот Жоан Лапорта.
„Навистина не знам дали ќе бидам тренер на Барселона следната сезона. Разговарав со претседателот пред две недели и се договоривме да разговараме уште еднаш на крајот на сезоната. Ќе видиме, но јас сум подготвен да го одработам договорот до крај“, вели тренерот.