Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Еден Азар во Реал Мадрид стигна пред две години, а Челси заработи 150 милиони евра за неговиот трансфер, но Белгиецот се покажа како големо промашување.
Меѓутоа, во две години поминати во Мадрид, Азар имаше огромни проблеми со повреди и затоа одигра само 43 натпревари за „кралевите“, а притоа постигна пет голови и неговиот трансфер се покажа како промашување.
„Кралевите“ се свесни за тоа, па сакаат да се ослободат од неговите услуги, а како заинтересиран тим за Азар се појави Рома, чиј тренер ќе биде Жозе Мурињо.
Еден од најдобрите фудбалери од пред неколку години наводно сака да соработува повторно со Мурињо, па ова изгледа како идеална шанса за него, иако во прв момент таков трансфер делува нереално.