Дочекан како крал: Мурињо остана зачуден кога излезе пред навивачите на Рома


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Португалскиот тренер Жозе Мурињо стигна во Рим, каде што ќе работи во следната сезона. Тој ќе го замени Пауло Фонсека на кормилото на Рома.

Фудбалерите на Рома наскоро ќе ги почнат подготовките за новата сезона, а Мурињо денеска допатува во Рим за да се подготви за новиот предизвик.

Мурињо слета на аеродромот во Рим, каде што го дочека голема група на навивачи на Рома, кои беа возбудени затоа што Португалецот ќе им го води тимот од следната сезона.

Ниту Мурињо не очекуваше таков пречек, па кога се појави во тренинг-центарот да ги поздрави навивачите, тој остана зачуден зашто сите скандираа на глас.