„Мурињо му се јави на Пандев и почна да плаче!“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Горан Пандев реши да се пензионира од репрезентативниот дрес по настапот на Македонија на Европското првенство (ЕП), а сега Бобан Николов откри што се случувало по последниот меч во Амстердам.

Николов раскажа дека Пандев по натпреварот против Холандија разговарал со неговиот поранешен тренер од Интер, Жозе Мурињо.

Пандев се пензионираше од репрезентативниот дрес, но најверојатно ќе остане во екипата на Џенова уште една сезона.

„Сите заминавме со автобус кон хотелот. Мурињо му се јави на Горан на телефон, по што почна да зборува и да плаче. Веднаш потоа почна да плаче и Ристовски, а не издржав ниту јас… Дури и на Мурињо му беше жал зашто Пандев се пензионира“, вели Николов во емисијата на Лазаров.