Неверојатно: Австралијанка со кондом до бронзен медал во Токио!


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Австралијанката Џесика Фокс освои бронзен медал на Олимписките игри во Токио во трката со кајак, откако искористи кондом за да го поправи својот кајак.

Фокс успеа да го освои бронзениот медал и тоа јавно го објави, а поради начинот на кој успеа до големиот успех, таа се најде во центар на внимание на спортската јавност.

Нејзиниот кајак бил оштетен од предната страна, а тоа го забележала пред трката, па решила да направи неверојатен потег.

Девојката по трката објави видео на Инстаграм и покажа како го поправила нејзиниот кајак и како искористила кондом кој учесниците го добиваат кога ќе пристигнат на Олимпиското село.

„Се обложувам дека не сте знаеле дека кондомите можат да се користат за да си ги поправите кајаците“, вели Фокс.