Њукасл подготви 250 милиони евра за засилувања – сака ѕвезди на Барселона, ПСЖ, Јунајтед…


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Њукасл беше откупен од Инвестициски фонд од Саудиска Арабија, кој го води принцот Мохамед Бин Салман, а тоа значи дека во иднина ќе се обиде да се натпреварува со најмоќните тимови во светот.

Веќе се подготвува отказ за Стив Брус, а се шпекулира дека на кормилото би можеле да седне Антонио конте или Зинедин Зидан, иако и други имиња се споменуваат.

Премиерлигашот ќе тргне и по засилувања оваа зима, а се планираат 250 милиони евра за трансфери. Прво ќе ловат ѕвезди кои имаат договор до крајот на сезоната, а тоа се Герет Бејл и Кејлор Навас.

Њукасл, исто така го сака и Филипе Кутињо, а се споменува и Мауро Икарди од ПСЖ, додека премиерлигашот планира трансфери и од Манчестер јунајтед, а на листата со желби се Едисон Кавани, Дони ван де Бек, Џеси Лингард и други.

На листата со желби се наоѓа и Рахим Стерлинг од Манчестер сити, како и многу други имиња.