Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Возачот на Мекларен и шампионот на Ф1 од 2009 година, Џенсон Батон претходно најави дека нема да се натпреварува наредната сезона, иако постои можност да се врати за 2 години, сепак шансите се многу мали.
„Последната трка ќе биде многу емотивна. Не знам што ќе правам наредната сезона, но во секоја смисла тоа е возбудливо. Со спонзорите ќе соработувам до средината на декември.“
Оваа недела, тој на ГН за Малезија ќе стигне до границата од 300 стартови во Ф1, а со тоа ќе се избори за 3-то место на вечната листа, пред него се Шумахер со 306 и Барикело со 322 настапи.
„Се сеќавам кога во 2000-та година дебитирав во Ф1, тогаш татко ми праша колку години ќе се натпреварувам. Тогаш реков дека ќе завршам до 30 години, но сега имам 36 години и тука сум. Сега сум во клубот 300, а мислев дека никогаш нема да стигнам до таму.“