Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тренерот на Интер, Симоне Инзаги даде интересно оправдување за поразот од Ливерпул (0-2) во Милано во првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампиони (ЛШ).
Интер имаше неколку шанси за да постигне гол, но впечатокот е дека Инзаги згреши со измените, за разлика од Јирген Клоп.
„Се надевам дека нема да играме против Ливерпул секој натпревар. Среќен сум и горд на екипата. За жал, не можевме да постигнеме гол, а нашиот противник ги искористи шансите“, вели Инзаги.
Стратегот на „нераѕурите“ кажа дека Ливерпул му бил најтежок противник оваа сезона.
„Овој меч ни е како патување во иднината. Ливерпул е еден од најдобрите два тима во Европа. Може дури и да ни ја подобри самодовербата“, кажа тренерот.