Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ до крајот на март нема да настапи на тениските турнири, а пред можниот настап на Ролан Гарос, ќе игра во Монте Карло.
Еден од најтрофејните тенисери во историјата не настапи на Австралијан опен поради тоа што не е вакциниран против ковид-19, а од иста причина не доби шанса за учество во Мајами и Индијан Велс.
„Новак својата сезона на земјена подлога ќе ја отвори во Монте Карло каде што два пати ја освојуваше титулата на Мастресот 1000 и тоа во 2013 и 2015 година“, стои во објавата на официјалната страница на Ѓоковиќ.
Ѓоковиќ во Монако може да влегува со доказ за прележан ковид-19 во претходните шест месеци, па затоа му е дозволено да настапи на турнирот во Монте Карло од 10 до 17 април.