Италија си нема мир од Трајковски: Го даде последниот гол за Палермо, па сега ги расплака „аѕурите“

Македонија се избори за место во финале на баражот за пласман на Светското првенство (СП) во Катар, откако синоќа славеше со 1-0 против Италија со голот на Александар Трајковски.

Македонскиот напаѓач играше на Сицилија од 2015 до 2019 година, кога банкротираше Палермо, а интересно е тоа што Трајковски го постигнал последниот гол во историјата на тимот пред банкротот.

Италија си нема мир од Трајковски бидејќи тој ѝ даде гол и во 2017 година, кога Македонија ремизираше (1-1).

Фото: ФФМ