Ферстапен најбрз на спринтот во Имола, Леклер заврши зад него


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен беше најбрз на спринтот во Имола, иако имаше лош старт и дури 17 круга водеше неговиот ривал од Ферари, Шарл Леклер, кој заврши втор пред утрешната трка во Италија.

Ферстапен на два круга пред крајот успеа да го премине неговиот противник од Ферари и заслужено да го освои првото место со што доби и дополнителни осум бодови, додека импресивен спринт имаше и Карлос Саинц од Ферари.

Саинц имаше несреќа на квалификациите и го искрши болидот, па тргна од 10. место на спринтот, но таму напредуваше дури за шест позиции и утре ќе тргне од четвртата позиција.