Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен кажа дека неговиот тим имал одлична трка на Имола и заслужено ги освоиле првото и второто место.
Актуелниот светски шампион ја оствари 22. победа во кариерата, додека второто место му припадна на неговиот тимски колега Серхио Перез.
Холанѓанецот на патеката во Имола тргна од пол-позицијата, по победата во спринт трката и имаше најбрз круг.
„Никогаш не знаеш колку ќе бидеш конкурентен на вакво време, но мислам дека бевме одлично. Секогаш е тешко да се постигне такво нешто, но бевме одлични. Додека водите, мора да го диктирате темпото, среќен сум. Заслживме да ги освоиме првата и втората позиција“, вели Ферстапен.