Ѕвезда на Ливерпул се сели во Баерн Минхен!?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Би-би-си“ објави дека спортскиот директор на Баерн Минхен, Хасан Салихамиџиќ имал состанок со агентот на Садио Мане, кој е голема желба на германскиот шампион.

Преговорите за продолжување на договорот меѓу Ливерпул и Мане се тешки во моментов, а тоа сакаат да го искористат од Минхен.

Мане има договор со „црвените“ до 2023 година, па Салихамиџиќ разговарал со неговиот агент и потоа во јавност кажа дека Баерн има интересни идеи за ова лето.

Напаѓачот на Ливерпул од доаѓањето на „Енфилд“ постигна 117 голови во 264 натпревари, а сезонава даде 20 гола во сите натпреварувања, па без сомнеж би бил големо засилување за германскиот гигант, ако реши да се пресели во Минхен.