Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Плејмејкерот на Њујорк Никс, Дерик Роуз вели дека се чувствува подготвен и дека е во одлична состојба пред почеток на новата сезона.
Роуз пропушти 2 тренинг кампа во претходните 5 сезони поради повреда, а вели дека кампот со Никс е најдобар што го одработил во кариерата.
„Пред нас е важна година и сите сме посветени.“
Тренерите се импресионирани со неговата кондиција.
„Стручниот штаб длабоко анализираше колку се трошам и колку простор покривам, па мора некогаш да ме исфрлат од теренот затоа што работам многу напорно.“
Роуз во претходните 4 сезони одигра само 39% од натпреварите поради повреда, а сега полека се навикнува на новите соиграчи.
„Се е отворено, имаме многу оружје, но ми се дозволува да играм како што знам, во високо темпо и да напаѓам во транзиција.“