Ќе се прошираува Ролан Гарос!


    Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


    Реновирањето и проширувањето на комплексот на Ролан Гарос, ќе биде продолжено по одлуката на францускиот суд кој ја укина забраната за работа.

    Во одлуката која беше донесена во понеделник се наведува дека одлуката на административниот суд да даде наредба за прекин на работите во март нема правна основа.

    Планирањето беше одложувано неколку пати поради барањата на борците за животна средина.

    „Тениската федерација на Франција ја прими одлуката на највисокиот суд на Франција, што е уште една потврда дека нејзиниот проект има правна основа.“

    Во рамки на реновирањето, Ролан Гарос би требало да добие уште еден терен со кров, но ќе биде готов најрано во 2020 година.