Одлука за суспензијата на Шарапова во вторник!


    Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


    Русинката Шарапова во вторник ќе ја дознае одлуката по својата жалба на 2-годишната суспензија поради допинг.

    Шарапова е суспендирана од Меѓународната тениска федерација бидејќи била позитивна на мелдониум во текот на Австралија Опен.

    29-годишната Шарапова изјави дека тој лек го користи од 2006 година од здравствени причини, па поднесе жалба на одлуката.

    Судот во Лозана изјави дека одлуката ќе биде донесена во 15 часот.

    Мелдониумот се најде на листата на забранети супстанци од 1 јануари оваа година.