Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Еден човек од управата на Мерцедес, Ники Лауда изјави дека шпекулациите дека проблемите со моторот на Хамилтон се резултат на саботажа се глупости и смешни.
Хамилтон беше на патот до победа во Малезија, но мораше да се откаже во 41-от круг.
На одбрана на титулата на Хамилтон и пред трката во Малезија влијаеја неколку проблеми со моторите.
Лауда изјави дека намерата на Хамилтон не била да каже дека некој го саботира.
„Го знам Луис многу добро и тој никогаш нема да го обвини тимот. Таквите шпекулации не можам да ги прифатам. Тој знае дека правиме се што можеме за да му го дадеме најдобриот болид и мотор. Жал ми е за проблемите и сакам да му се извинам. Работиме на ист начин и за него и за Розберг. Хамилтон освои 2 титули досега со нас, а исто така завршивме најголем број трки во историјата. Од каде сега на памет ви паднаа саботажи?“
Хамилтон претходно изјави дека неговиот тим секогаш добро работи, но мора да праша зашто неговите мотори се расипуваат.
На прашањето за тоа Мерцедес кој возач сака да ја победи, Хамилтон или Розбрег, Лауда изјави:
„Работиме со двајцата на ист начин, им даваме да се тркаат и натпреваруваат, а воедно овие прашања се смешни.“