Ал-Ахли испадна од лигата, Алиоски си оди од Саудиска Арабија!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски си оди од тимот на Ал-Ахли, кој испадна од Првата лига, иако најавуваше битка за титула во Саудиска Арабија.

Ал-Ахли во последното коло одигра 0-0 против Ал Шабаб и поради тоа заврши во зоната за испаѓање, а за да биде уште полошо, тимот на Алиоски запиша само шест победи оваа сезона.

Алиоски претходно најави дека ќе замине од Саудиска Арабија, а како негова следна дестинација се споменува Турција, односно шампионот Трабзонспор.