Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Српскиот кошаркар Никола Јокиќ оваа недела го потпиша најголемиот договор во историјата на НБА-лигата, а до пред неколку години никој не веруваше дека би можел да се занимава со кошарка.
Вишокот на килограми и нездравите навики не го спречија да стане врвен кошаркар, а во последните две сезони со Денвер нагетс беше прогласен за најкорисен играч во натпреварувањето.
Неговиот агент Мишко Ражњатовиќ по потписот на новиот договор објави фотографија од Србинот додека бил дете, а уште тогаш носел натпис со Денвер.
Станува збор за фотографија од петгодишниот Јокиќ, која била направена по бомбардирањето во Југославија, а на која има тениски рекет и носи дуксер на Денвер нагетс.