„Пуштате илегални мигранти, а на Ѓоковиќ не му давате да игра на Ју-Ес опен!?“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Американскиот политичар Дру Спрингер побара од претседателот на САД, Џо Бајден да реагира и да му даде дозвола на српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ за учество на Ју-Ес опен.

Невакцинираните лица во моментов не смеат да влезат во САД, но како се ближи почетокот на Ју-Ес опен се поставува прашањето дали Ѓоковиќ повторно ќе го пропушти турнирот.

Србинот во средата изрази надеж дека ќе добие дозвола да учествува на последниот гренслем-турнир во сезоната, откако пред неколку дена го освои Вимблдон.

„Бајден му забранува на Ѓоковиќ влез во САД за да се натпреварува на Ју-Ес опен, а им дозволува на милиони невакцинирани илегални мигранти да влезат во државата. Еј, Џо! Што велиш на уште еден невакциниран?“, напиша политичарот.