Италијанец изненаден поради Ѓоковиќ: Најдобриот во свет ќе испадне од топ-20!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Младиот италијански тенисер Флавио Коболи ја критикуваше ситуацијата во која се наоѓа српскиот играч Новак Ѓоковиќ, кој не може да игра на одредени турнири затоа што не е вакциниран.

Ѓоковиќ неодамна го освои Вимблдон, но еден ден подоцна падна до седмата позиција на АТП-листата, а нов пад е можен ако не заигра во Америка и Канада.

„Не знам навистина што треба да направиме, но мислам дека тоа што најдобриот тенисер во историјата ќе испадне од топ-20 на крајот на годината не е добро за тенисот. Сите ќе го почуствуваме тој пад“, кажа Коболи.

Ѓоковиќ на Ју-Ес опен ќе игра само ако законот се промени пред 29 август, односно им се дозволи влез во државата на лица кои не се вакцинирани.