Најава за проблеми во Мадрид: Големо ривалство во соблекувалната на Реал!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Францускиот репрезентативец Орелиен Чуамени ова лето се приклучи на тимот на Реал Мадрид за 80 милиони евра, па се очекува во следните години да доминира во дресот на шпанскиот гигант.

Младата ѕвезда беше желба и на ПСЖ, но на крајот му се оствари детскиот сон и потпиша за Реал до 2028 година.

И додека во Реал сите со воодушевување го примија младиот Французин, наводно Касемиро бил љубоморен затоа што ќе има конкуренција во следната сезона.

Шпанските медиуми пишуваат дека „кралевите“ ќе играат во формација 4-3-, која дозволува само еден дефанзивен фудбалер за врска, а веќе со години во средниот ред играат Тони Крос, Лука Модриќ и Касемиро.

Најавата за проблеми во соблекувалната сигурно ќе го загрижи тренерот Карло Анчелоти, кој има доволно искуство за да ги смири страстите.