Ливерпул и Реал Мадрид во голема битка за ѕвезда на Дортмунд


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Ливерпул во моментов преговара за трансфер на Џуд Белингам од Борусија Дортмунд и се наоѓа во одлична позиција да потпише договор со талентираниот англиски репрезентативец.

Белингам е една од најголемите желби на тренерот Јирген Клоп, но Дортмунд не сака да го продаде бидејќи веќе го загубија Ерлинг Халанд, кој се пресели во Манчестер сити.

Интерес за Белингам покажа и Реал Мадрид, кој е подготвен да плати дури 90 милиони евра за трансфер на младиот играч.

Англиските медиуми пишуваат дека Ливерпул е преговори со агентот на Белингам, па наскоро ќе биде познато дали ќе си замине Англичанецот од Германија и кој ќе биде негов следен клуб.