Меси: Овој трофеј е за Марадона кој ни даде сила од небото! (Видео)


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Аргентинскиот репрезентативец Лионел Меси објави емотивен статус на неговиот профил на Инстаграм и го спомена легендарниот Диего Армандо Марадона.

Меси го оствари сонот и стана светски првак со Аргентина, па така ја пополни својата колекција со пехарот.

„Овој трофеј кој го освоивме е и за Марадона кој ни даде сила од небото. Пехарот го освоивме и за тие кои тоа не го направија на претходните Мундијали кои ги игравме“, напиша Меси меѓу другото.