Надал нема да игра во САД и ќе испадне од топ-10!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Шпанскиот тенисер Рафаел Надал ќе ги пропушти турнирите во САД поради повреда, па така за првпат по 18 години ќе испадне од топ-10 на АТП-листата.

Надал има проблем со мускул на слабините, па поради тоа нема да игра на Индијан Велс и во Мајами, односно го чека пауза од шест до осум недели.

Шпанецот се очекува да се врати на турнирот во Монте Карло, каде што освои 11 титули во кариерата.

Надал во моментов е на осмата позиција со 3.315 бодови, но ќе загуби 600 поради тоа што нема да настапи на следните турнири и тоа значи испаѓање од топ-10.