Тен Хаг им се заканил на ѕвездите на Манчестер јунајтед


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Манчестер јунајтед доживеа дебакл против Ливерпул (0-7) во 26. коло од Премиерлигата, по што тренерот Ерик Тен Хаг имал бурна караница со фудбалерите.

Британските медиуми пишуваат дека Тен Хаг им се заканил на ѕвездите на Манчестер јунајтед дека ќе ги префрли во резервниот тим ако не се подобрат нивните настапи.

Засега не се открива кон кого биле точно испратени заканите, но јасно е дека Тен Хаг не е среќен со резултатот кој доаѓа во период кога екипата почна да се приближува на Арсенал и Манчестер сити на табелата.

„Црвените ѓаволи“ во моментов се на третото место во првенството со 49 бодови од 25 меча.