Денвер стана шампиони, Јокиќ е МВП: Работата е завршена, може да си одиме дома!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Српскиот кошаркар Никола Јокиќ беше прогласен за најкорисен играч во финалето на НБА-лигата, кое му припадна на Денвер нагетс и ја освои првата титула во историјата.

Јокиќ во финалето против Мајами хит имаше просек од 30,2 поени, 14 скокови и 7,2 асистенции, а реакцијата на Србинот по финалето стана хит на социјалните мрежи.

„Се чувствувам добро. Работата е завршена, може да си одиме дома“, кажа Јокиќ.