Покетино за иднината на Стерлинг: Не е лесно, но…


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Англискиот репрезентативец Рахим Стерлинг не се прослави во Челси во првата сезона и постигна само шест гола и три асистенции на 28 меча.

Медиумите шпекулираа дека Стерлинг ќе си замине од екипата затоа што навивачите не се задоволни со неговите настапи, но очигледно такво нешто не мисли и новиот тренер на клубот Маурицио Покетино.

Покетино кажа дека не е лесно да се прилагодиш во тим кој има лоши резултати во моментот.

„Не е лесно за играч брзо да се адаптира и да игра на исто ниво како во претходните клубови, но ние и понатаму зборуваме за добар играч кој може да ѝ помогне на екипата“, кажа Покетино.