Лукаку бара прошка од Интер поради преговорите со Јувентус


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Фудбалерот на Челси, Ромелу Лукаку минатата сезона играше на позајмица во Интер и се очекуваше да потпише нов договор со калчолигашот, но тоа не се случи.

„Газета дело Спорт“ објави дека Лукаку преговарал со Јувентус и поради тоа се налутиле „нераѕурите“ кои се откажаа од неговиот потпис.

Лукаку побарал прошка од Интер поради неговиот потег, но Интер нема да попушти и не го прифати извинувањето.

Ова значи дека Лукаку во следниот период ќе треба да најде договор со Јувентус или да си ја бара среќата на друго место затоа што тренерот Маурицио Покетино не смета на неговите услуги.