Вардар се засили со 19-годишен португалски талент


Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови? ↓↓↓


Младинскиот репрезентативец на Португалија, Нилтон Мело потпиша двегодишен договор со Вардар и ќе биде големо засилување за следната сезона.

Мело игра на позицијата лев бек и треба да биде поддршка за Стефан Петриќ и Марко Мишевски.

Португалецот претходно играл за Спортинг Лисабон, а минатата сезона играше за Викторија каде настапи на 24 меча.

Вардар претходно се засили со Кубанецот Хансер Микел Родригез, кој потпиша договор на две години.