Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓
Одбојкарската репрезентација на Македонија со четири порази и две победи ја заврши групната фаза на Европското првенство (ЕП), а тоа беше доволно да се пласира во осминафинале.
Избраниците на Јошко Миленковски во осминафинале ќе се борат против Италија, која е една од најдобрите селекции во светот.
Репрезентативците на Македонија денеска со чартер лет заминаа за Бари, каде што в сабота од 18 часот ќе се пресметаат против Италија.