Стоилковска скокна за 33 позиции, Ѓорческа напредуваше седум места на ВТА-листата


Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови? ↓↓↓


Македонските тенисерки Магдалена Стоилковска и Лина Ѓорческа напредуваа на ВТА-листата која беше објавена денеска.

Стоилковска освои поен во Врњачка Бања и така скокна за 33 позиции до 1312. место на ранг-листаста.

Најдобрата македонска тенисерка Ѓорческа сега се наоѓа на 226. место со 322 поени, откако напредуваше за седум позиции.